Бесар Дурмиши/ Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Министерот за економија вели дека се засилиле инспекциите за да се заштитат правата на работниците

Министерот за економија Бесар Дурмиши честитајќи го Меѓународниот ден на трудот Први Мај, соопшти дека инспекциските контроли се засилиле, за да се овозможи да се почитуваат правата на работниците и да се намали сивата економија.

– Среќен 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. На овој значаен ден, изразуваме длабока почит и благодарност до сите работници, кои со својата посветеност и труд, секојдневно придонесуваат за економскиот и општествениот развој на нашата држава. Во изминатиот период, преку социјален дијалог и колективни договори, постигнавме зголемување на платите во повеќе клучни сектори, со што се подобрува животниот стандард на илјадници работници. Истовремено, ги интензивиравме инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и намалување на неформалната економија – напиша Дурмиши на неговата Фејсбук-страница.

Тој додаде дека преку Оперативниот план за вработување и активните мерки на пазарот на трудот биле создадени нови можности за вработување, особено за младите и ранливите категории.

– Нашата заложба останува цврста, да изградиме поправеден, поинклузивен пазар на труд и да обезбедиме достоинствени услови за работа за секој работник – напиша министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот