Меѓународен аеродром Скопје (фото: ТАВ Македонија)

Министерот Николоски очекува македонските аеродроми годинава да имаат повеќе од 3.5 милиони патници

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски соопшти дека скопскиот аеродром има пораст од 32 отсто на патници во однос на минатата година.

„Меѓународниот аеродром Скопје останува лидер во регионот со раст од 32 отсто споредбено со истиот период минатата година. За оваа година од понудените преку 390 илјади нови седишта, заради влијанието на конфликтот на Блискиот Исток има намалување за околу 6 илјади седишта, но и покрај ова останува високо рангиран во регинот и во овој сегмент, пренесува специјализираниот авио портал” EX-YU Aviation News”, посочи Николоски.

Тој додава дека во првите месеци од годинава, домашните аеродроми бележат раст од 30 отсто по број на патници и околу 20 отсто по број на операции, во споредба со истиот период минатата година.

Министерот ги најави и новите линии до Катовице и Вроцлав во Полска, како и до Палермо и Алгеро, кои треба да започнат да сообраќаат од јули.

„Само од почетокот на оваа година се водедоа нови авиолинии од Скопје кон Неапол и Будимпешта, односно од Охрид кон Милано и Братислава. Дополнително, во текот на месец јули од Охрид започнува да оперираат линиите кон Катовице и Вроцлав, а од Скопје кон Палермо и Алгеро“, изјави Николоски.

Тој истакна дека оваа година се очекува македонските аеродроми да имаат повеќе од 3.5 милиони патници, а во следната година тој број да достигне и до четири милиони патници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот