Министерката Тренчевска имала сообраќајка, информираше дека е во добра состојба

Јована Тренчевска/Фото: Методи Здравев

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска на Фејсбук информираше дека денеска имала сообраќајна несреќа и дека е во добра состојба.

Драги другари и другарки! Попладнево, по завршувањето на службените активности во мојата родна Струмица, на патот кон Скопје се случи сообраќајна незгода, по која сакам да ги информирам сите мои најблиски и граѓаните дека сите сме во добра состојба. Ви благодарам на сите за искрените повици, пораки и загриженост за нашата добросостојба. Вечерва токму пред Бадник и големиот христијански празник Божиќ, чувствувам благодарност што Бог ме чуваше мене и мојот тим. Луѓето со кои го поминувам секој ден. Ви посакувам мир и спокој овие денови, напиша таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот