Милошоски за Караџовски: Тој е само фигура во бел мантил

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски преку својот Фејсбук профил упати критики кон првиот човек на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски. Тој побара негова оставка поради тоа што пред три седмици Караџовски убедувал дека сѐ е под контрола.

– Караџовски е лош пример, бидејќи наместо лекар со интегритет и етика, денес тој е само фигура во бел мантил која служи како марионета во политиката, а со тоа ги зголемува ризиците по јавното здравје. Оставка и одговорност, истакна Милошоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот