Милошоски утре ќе треба да ги предаде снимките што ги објави вчера

Антонио Милошоски/ Фото: Архива на Слободен печат

На снимката, наводно, Заев разговара со друго лице за финансирање на телевизијата на првоосомничениот во случајот „Рекет”, Бојан Јовановски.

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски утре во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција треба да ги предаде снимките што вчера ги објави на прес-конференција во врска со поранешниот премиер Зоран Заев.

Милошоски на прес-конференција ја објави втората аудио снимка, во која, како што рече се слуша гласот на Заев, како тој како премиер носел одлуки во име на Врховниот суд и на СЈО и оти бил во дослух со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за сите нејзини одлуки.

Првата „бомба” Милошоски ја пушти за време на расправата во собраниската Комисија за европски прашања, на која се разгледуваше Предлог законот за Јавно обвинителство. На снимката, наводно, Заев разговара со друго лице за финансирање на телевизијата на првоосомничениот во случајот „Рекет”, Бојан Јовановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот