Милошоски: Советникот Зафироски е бизнисмен со долгови, кој единствено им помага на фирмите на Заеви

Антонио Милошоски/ Фото: Архива на Слободен печат

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на собраниската седница за пратенички прашања рече дека не добил одговор од премиерот Зоран Заев за тоа кој е потписник на договорор за Љупчо Зафировски да биде назначен за посебен советник на премиерот. Тој објасни и дека Зафировски не го примал надоместокот од Владата што го добива за советничкиот ангажам на банкарска сметка во земјава бидејќи има многу долгови.

– Легендрен стана посебниот советник на Заев, Љупчо Зафировски затоа што и покрај сите настојувања премиерот не сака да одговори кој го потпишал договорот, ниту пак е достапна неговата биографија. Заев рече дека Зафировски имал посебни контакти со францускиот претседател Емануел Макрон. Но еве да расчистиме кој е Зафировски. Чепкајќи по неговата биографија дознаваме дека тој во 1999 година основа фирма за прехранбени производи под име „Фортуна“. Потоа таква фирма основа и во Струмица. Зафировски нема никаква врска со Макрон туку со фирмите на Заеви на кои им помага за извозот на прехранбени производи од „МАМАС“ во Србија. Затоа ја крие неговата биографија – рече Милошоски.

Милошоски рече дека во јавноста има шпекулации дека на бизнисмен од Битола му е побаран рекет од 250.000 евра во кеш и тој за да се заштити од ваквото влијание се јавил во амбасадата на Белорусија во Белград. Пратеникот праша  дали во  кабинетот на премиерот имало ургенции на амбасадорот од Белорусија.

Премиерот Зоран Заев одговори дека ако пратеникот има некои сознанија може да ги изнесе на прескоференција, надвор од собраниската говорница.

– Да кажете дека Зафировски е советник оти соработувал со Заев е лага. Не можете сами да си креирате приказни за да исполнат некои ваши стратегии. Истото се случува и со бизнисменот. Тоа е одговорот на прашањето. Се знае дека ако некој бизнисмен бил рекетиран каде се пријавува, кај мене не дошол никој од белоруската амбасада. Ако тоа е така, на прес конференција со докази треба јавно да обелодени. Креирањето на вакви амбиенти нема да дозволиме да ви помине. РЕК транспарентно и чесно работи. Ваквите шпекулации имам обврска да ги демантирам. На Влатко Ѓорче сопругата ја ангажиравте за 1.800 евра, Ќе видиме како Франција ќе гласа во октомври. Зборувам за прашање кое е поставено и ова се бесрамни лаги. Никој нема право вака да го манипулира народот – рече Заев.

Тој рече и дека компаниите на Заев никогаш не соработувале со Зафировски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот