Милошоски куртули за „Моќник“, му застаре делото

Антонио Милошоски / Фото: ,,Слободен печат''- Драган Митрески

На пратеникот Антонијо Милошоски му застаре делото Злоупотреба на службената положба и овластување во предметот „Моќник“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. Покрај него застаре и делото на татко му Милош Милошоски во истиот случај, кој беше обвинет за измама.

Од Основниот кривичен суд Скопје соопштија дека во предмотот „Мокниќ“, јавниот обвинител во завршните зборови извршил прецизирање на диспозитивот на обвинителниот акт во обвинителен предлог, а извршил и измени во квалификацијата на Кривичните дела кои им се ставаат на товар на обвинетите.

„Првообвинетиот М.М. сторил кривично дело Измама од член 247 став 3 во врска со став 1, а во врска со член 23 од Кривичниот законик (КЗ). Второобвинетиот М.В. сторил кривично дело од член 247 став 3 во врска со став 1 од КЗ. Трето обвинетиот А.М. сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 3, во врска со став 1 од КЗ. Согласно направените измени од страна на јавниот обвинител и тоа во фаза на завршни зборови, судот, по сила на законот донесе пресуда со која обвинителниот предлог се одбива заради настаната апсолутна застареност на кривичното гонење“, соопштија од Кривичен суд.

Трошоците настанати во текот на постапката ќе паднат на товар на државата.

Пратеникот Милошоски, неговиот татко Милош како и ексградоначалникот на Македонски Брод, Милосим Војнески беа обвинети дека незаконски продале зграда од 157 квадратни метри и дворно место од 3.920 квадратни метри во село Ижишта, која бил во сопственост на Општина Македонски Брод, а го користела Општина Пласница. Според обвинението со тоа на Општина Македонски Брод и на државниот буџет им било нанесена штета од околу 50.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот