Милијарда денари вредел „Космос“ кога бил урнат

Мерџан Даути, адвокат на обвинетата Елизабета Најдовска користејќи го законското право да збори на мајчин Албански јазик побара од судскиот совет во процесот „Т.Н.Т“ да има можност од судот во текот судењето да се употребува Албанскиот јазик и сите докази во овој предмет да му бидат предадени преведени на неговиот мајчин јазик.

Неговото второ барање беше во врска со двајца судии поротници кој имаат наполнето 60 години. Рече дека тој од претседателот на Кривичен побарал да се најде замена за нив бидејќи според законот исполнувале старосна граница повеќе да не се поротници.

– Колега Даути, вашите барања се апсолвирани од судот. Само судскиот совет како ги избрал судиите поротници, може и да ги разреши. Јас немам законска можност ништо во врска со тоа – му одговори судијата Огнен Ставрев.

Откако обвинителот Бурим Рустеми рече дека најверојатно адвокатот не ја знае постапката и затоа сега во оваа фаза на предметот бара увид во вештачењето, нешто на што претходно имал право, адвокатот Даути му се обрати на Македонски јазик и побара увид во доказите, барање кое од судот му беше одбиено.

– За работа сум тука. Ова е преседан. Јас многу добро знам кога завршува истражната постапка – рече на македонски јазик адвокатот Даути.

Сведокот во процесот, вештакот Павле Гацов, рече објектот дента кога завршило неговото рушење вредел 972 милиони денари.

– Според фирмата ФИНЕ која го градела објектот нема релеватни информации за вредноста на објектот, затоа вредноста е утврдена од вештакот градежник – рече Гацов.

– Во вештачењето е проверувана сметководтвена евиденција и пресметката на оштетениот – рече сведокот.

Во предметот „ТНТ“, првообвинет е избеганиот во Унгарија Никола Груевски, кој нареди да му биде уништен со експлозив објектот „Космос“ на Цаноски, затоа што во 2011 година ја прекина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Потоа Миле Јанакиески како координатор на целата акција на незаконското уривање, ексградоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски како логистика и други обвинети од општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот