Милица Стојанова: Да се вакцинираме и со тоа да покажеме доблест кон здравствените работници

Милица Стојанова

Не сакам да гледам уште една војна со невидливото. Не сакам да гледам тажни, изолирани луѓе кои мораат да заминат од овој свет сами, без своите околу нив.. Светот мора да го одблокираме. Мораме повторно да бидеме заедно и спремни да создаваме нови убави нешта. Јас сакам се’ уште да се радувам во заедница, а не да самувам, напиша на својот фејсбук профил македонската театарска, филмска и телевизиска глумица Милица Стојанова.

-Поминав една војна, онаа Втората светска.. Го искусив татнежот и плачот на земјотресот.. Видов разни страдања, искушенија, поединечни и заеднички..Но, ова не сакам на зајдисонцето од својот живот пасивно да го гледам.. Не сакам да гледам уште една војна со невидливото. Не сакам да гледам тажни, изолирани луѓе кои мораат да заминат од овој свет сами, без своите околу нив.. Светот мора да го одблокираме. Мораме повторно да бидеме заедно и спремни да создаваме нови убави нешта. Јас сакам се’ уште да се радувам во заедница, а не да самувам.
Затоа да бидеме одговорни и да се вакцинираме, оти не гледам друго чаре и за себе и за оние околу мене..
И да не бидеме себични. Конечно да покажеме разум и солидарност какви што покажуваат овие прекрасни здравствени работници кои денес беа со мене, а секојдневно се обидуваат да спасат стотици и илјадници животи. Да покажеме доблест барем кон нив.
Да покажеме доблест кон животот и кон секој еден во заедницата, затоа што грижејќи се за себе се грижиме за другиот, напиша таа во својата фејсбук објава.

Поминав една војна, онаа Втората светска… Го искусив татнежот и плачот на земјотресот… Видов разни страдања,…

Posted by Милица Стојанова on Monday, April 5, 2021

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот