Милевски: Против Црна Гора мораме да го подигнеме нашето ниво посебно во нападот

Селекторот на македонската фудбалска А репрезентација, Благоја Милевски/фото: ФФМ

Селекторот на македонската фудбалска А репрезентација, Благоја Милевски и репрезентативецот, Столе Димитриевски на прес-конференција во пресрет на утрешниот натпревар (18.00 часот) со Црна Гора ги споделија своите очекувања за контролниот меч на стадионот „Мардан“ во Анталија.

Тоа ќе биде втор контролен меч овој месец за нашите најдобри фудбалери, потсетување дека во петокот ремизираа 1:1 со Молдавија.

Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:

– Нè очекува исклучително квалитетен противник, со исклучително квалитетни фудбалери кои настапуваат во силни европски тимови. Мораме да го подигнеме нашето ниво, посебно во завршната фаза на реализација. Ќе има промени во составот. Тоа е целта на овие натпревари. Да ги видиме фудбалерите и нивниот квалитет и потенцијал.

Столе Димитриевски – репрезентативец на Македонија:

– Сметам дека Црна Гора е поквалитетна репрезентација од Молдавија. За мене посебен натпревар затоа што токму против Црна Гора дебитирав во дресот на македонската репрезентација во победата од 3:1 во Скопје. Ќе биде потешко отколку со Молдавија. Треба да ни биде концентрацијата на највисоко ниво и да бидеме дисциплинирани во текот на сите 90 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот