Милевски: Им честитам на фудбалерите за играта, пеналите не сакам да ги коментирам

Благоја Милевски, селекторот на македонската фудбалска А репрезентација/фото: ФФМ

Maкедонската фудбалска репрезентација денеска претрпе пораз од Чешка во вториот контролен натпревар во овој јунски прозорец.

Чешка беше подобра со 2:1, а селекторот Благоја Милевски им честиташе на фудбалерите за прикажната игра посебно во второто полувреме.

„Честитки за моите момци, посебно за одиграното во второто полувреме. Имавме некои корекции кои ги направивме на паузата по полувремето во кое не функциониравме како што треба. Жалам што не почнавме да играме малку порано на таков начин, ни недостига самодовербата со топката. Кога ќе сумираме се, секоја чест за одиграното, честитки до Чешка и ѝ посакувам успех на ЕП.

Кажав и пред натпреварот дека не очекува многу различен ривал од нашиот претходен. Играта на Чешка се базира на трчање и на сила, на тоа требаше да одговориме. Во поголемиот дел од мечот сум задоволен како одговоривме на тоа, но кога имавме посед, требаше да бидеме малку похрабри.

Двата гола Чешка ги постигна од спорни пенали, а Милевски не сакаше да ги коментира судиските одлуки.

Немам коментар за пеналите, тоа е работа на ВАР собата и судиите. Не би сакал да ги коментирам пеналите“, изјави Милевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот