Јаков Милатовиќ и Стефан Андоновски на скопскиот аеродром / Фото: Фејсбук

Милатовиќ пристигна во Скопје, го пречека министерот Андоновски

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, претпладнево пристигна во Скопје во рамки на својата официјална посета на Македонија. Тој беше пречекан на скопскиот аеродром од министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Милатовиќ е во дводневна посета на земјава на покана на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која денеска со највисоки државни и воени почести ќе го пречека во Вилата „Водно“.

Според најавите, во рамки на посетата, црногорскиот претседател ќе оствари неколку билатерални средби со македонскиот државен врв кои ќе бидат насочени кон зајакнување на соработката, со фокус на економскиот развој, регионалната стабилност и европската интеграција.

Црногорскиот претседател, Јаков Милатовиќ, во официјална посета на Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот