Михајловиќ: Неодговорното работење и немањето отчетност ги акумулираа долговите на општините

Катица Михајловиќ / Фото: Архива на Слободен печат

Катица Михајловиќ од Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), организација која веќе 26 години работи заедно со општините во насока на зајакнување на локалната демократија, во изјава за „Слободен печат“ зборувајќи за долгот на општина Тетово и обвинувањата на градоначалникот на оваа општина Билал Касами за лошо управување со општината од неговaтa претходничка, вели дека незаконските дејства, неодговорното работење и немањето отчетност ги акумулираа долговите на општините.

– Колку домаќински или недомаќински работеле општините, граѓаните секогаш дознаваат по промената во локалната самоуправа. Проблемот со долговите на општините цело време се става под тепих. Очигледно дека и по последното покривање на долговите на општините од страна на државата во 2019, работите не се помрднале од мртвата точка, напротив дури и се влошиле. Државата се задолжува, нѐ задолжуваат нас како граѓани, за некој кој што трошел во некоја општина без да знаеме за што и без да има видлив напредок. Незаконските дејства, неодговорното работење и немањето отчетност ги акумулираа долговите, изјави Михајловиќ.

Таа вели дека, иако изминатите години ревизорите влегоа во поголем број на општини и лоцираа бројни законски прекршувања, сѐ уште нема конкретни активности преземено против ваквите дејствија и посебно детектирање на одговорноста која мора да биде индивидуализирана.

– Сѐ додека градоначалниците реализираат партиски агенди и партиски буџети, ќе имаме ваква состојба. Оттука, сметам дека акцентот треба повеќе да се стави кај членовите на советот, тие поактивно да се вклучат во следењето на буџетските документи и трошењето на јавните пари и да реагираат во случај на злоупотреби, нагласи таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот