Мицубиши на колена: Еден човек им направи штета од 320 милиони долари

Нафта / Илустративна фотографија - СП. архива

Еден брокер во трговската единица на компанијата Мицубиши, чие седиште е во Сингапур, ја општети корпорацијата за 320 милиони долари поради неовластена трансакција со деривати на сирова нафта. Случајот е пријавен во полиција, објави „Б92“.

Според известувањето на „Ројтерс“, голем удар за јапонската трговска компанија која инвестира во различни видови на продукти – од лососи до природен гас – и тргува со многу стоковни сировини ширум светот.

Ова е прва загуба од овој тип во историјата на Мицубиши, изјави портпаролот на компанијата за медиумите.

„Ројтерс“ додава дека ова би можело да биде најголема загуба на нафтениот пазар откако кинеската компанија Синопек минатата година објави дека загубила околу 700 милиони долари поради премостување на валутен ризик при трговија со сирова нафта.

Според тврдењата на Мицубиши, неименуван трговец наводно извршил неавторизирана трговија со нафтени деривати оваа година, а во август исчезнал.

Мицубиши ги откриле загубите додека се обидувал да го лоцира трговецот кој по одморот не се вратил во нафтената единица на компанијата во Сингапур, изјави портпаролот на компанијата за „Ројтерс“.

Откриено е дека вработениот, кој работел со трговина на сирова нафта за Кина, „повеќе пати учествувал во неовластени трансакции со деривати и ги прикривал за да изгледаат како хеџ-трансакции од јануари оваа година, стои во соопштението на Мицубиши.

Корпорацијата Мицубиши има репутација на внимателен трговец и единствен пат за своите загуби известиле во 2016 година, кога паднаа стоковните берзи. Компанијата е основана во 1954 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот