Мицотакис прати воен авион во Тирана: Поглаварот на Албанската православна црква во болница во Атина со благи симптоми на ковид-19

Фото: EPA/ARMANDO BABANI

Поглаварот на Албанската православна црква, архиепископот Анастасиос, ќе биде пренесен во атинска болница, откако му биле констатирани благи симптоми на ковид-19, соопштија од албанската Архиепископија.

Од таму додаваат дека било оценето оти 91-годишниот архиепископ треба да биде пренесен во болница во Атина за соодветна медицинска нега.

Според информациите на грчката новинска агенција АНА-МПА, поглаварот на Албанската православна црква се тестирал за ковид-19, а по позитивениот резултат ќе биде префрлен во Атина со авион C-130 на грчкото воено воздухопловство.

АНА-МПА пишува дека бил информиран и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис кој одобри воениот авион да замине за Тирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот