Мицотакис ќе ги информира лидерите на политичките партии за турскиот брод, непроменета позицијата на „Оруч Рејс”

За стуацијата во Источен Медитеран, Мицотакис вчера разговараше со Генералниот секретар на НАТО, а Дендиас со министерот за надворешни работи на Германија.

Турскиот брод за сеизмички истражувања „Оруч Рејс” и понатаму е со непроменета позција, односно се наоѓа во, како што тврди Грција, грчкиот континентален гребен, но без при тоа да има започнато со истражувањата, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска телефонски ќе ги информира лидерите на политичките партии, а рано утрово веќе разговараше со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу и ја информираше за последните случувања во Источниот Медитеран.

Според грчките медиуми, бучавата од бродовите на турската воена морнарица кои го придружуваат „Оруч Рејс”, како и од бродовите од грчката воена морнарица што се наоѓаат во истиот дел, не дозволуваат да се создадат услови за почеток на истражувања.

Државната телевизија ЕРТ објави дека во текот на ноќта, грчките бродови правеле дополнителна бучава за да се спречат истражувањата, но испраќале пораки дека турските бродови се наоѓаат во грчкиот континентален гребен.

Одговорот од бродовите на воената морнарица на Турција бил дека тие се во рамките на турската ексклузивн економска зона.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, од Стејт Департментот ја повикале Анкара да запре со активностите во Источен Медитеран, што ги зголемуваат тензиите во регионот.

Министерството за национална одбрана на Турцијана официјалниот „Твитер” профил вчера објави фотографии од „Оруч Рејс” како плови кон крајната дестинација, во придружба на бродови од турската воена морнарица.

Грчката амбасада во Анкара, по упатствата од министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, вчера достави демарш до турското МНР, додека пак официјална Атина, преку соопштение од Министерството за надворешни работи порача дека Грција „нема да прифати никаква уцена, ќе ги брани нејзиниот суверенитет и нејзините суверени права” и ја повика Турција „веднаш да ги запре нелегалните активности кои ги поткопуваат мирот и безбедноста во регионот”.

За стуацијата во Источен Медитеран, Мицотакис вчера разговараше со Генералниот секретар на НАТО, а Дендиас со министерот за надворешни работи на Германија.

Новата заостреност во грчко – турските односи започна откако вчера Турција издаде нова навигациска информација (Navtex) за сеизмички истражувања на бродот „Оруч рејс” во морскиот дел јужно од Кастелоризо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот