Мицкоски до Карло Ромео: Старо-новата влада не превзема никакви мерки за да им помогне на граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со Потпретседателот, Александар Николоски денеска остварија средба со италијанскиот амбасадор, Карло Ромео.
На средба разговараа за актуелната политичка состојба во државата како и за тоа кои се приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија.

Претседателот Мицкоски посочи дека поради пандемијата предизивикана од ковид-19 државата е во тешка економска и здравствена состојба, а старо-новата влада не превзема никакви конкретни мерки се со цел да им се помогне на граѓаните како и на бизнис секторот.

Во текот на средбата Мицкоски потенцираше дека во државата криминалот и корупцијата се на високо ниво и правдата важи само за некои луѓе. Имено тој укажа дека се власта дели тендери на лица блиски до власта, за тоа никој не одговара, а народот се осиромашува.

-ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја изнесат Република Македонија на прав пат, како и ќе имаат влијание на патот кон Европската унија, истакна Мицкоски.

Претседателот Мицкоки му се заблагодари на италијанскиот амбасадор за средбата и се надева дека ваквите средби ќе продолжат и понатаму во иднина кои ќе придонесат за доброто на целата држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот