Мицотакис ја потврди поддршката за одржување на Меѓувладината конференција ЕУ-Украина

photo: Alexandros Michailidis

Грција потврди поддршката за свикувањето на Меѓувладината конференција ЕУ-Украина во јуни. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјавил дека земјата ќе продолжела да ја поддржува Украина. Ова го кажал во телефонскиот разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти неговиот кабинет, пренесува “Катимерини“. 

„Мицотакис ја потврди поддршката на Атина за европскиот пат на Украина и свикувањето на Меѓувладината конференција ЕУ-Украина во јуни, што ќе го означи официјалниот почеток на пристапните преговори на Украина со Европската унија“, се вели во сооптшението.

Грчкиот премиер ја прифатил официјалната покана за учество на Конференцијата за мир во Украина што ќе се одржи на 15 и 16 јуни во Швајцарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот