Татјана Димитровска / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Мицкоски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ нема да бара разрешување на Димитровска – за него тоа било естрада

ВМРО-ДПМНЕ нема да поднесе барање за разрешување на претседателката на ДКСК Татјана Димитровска против која беше поднесено обвинение и за која беше откриено дека освен што оддавала службена тајна, поднела фалсификуван сертификат за безбедност за кој, во нејзино име полагал нејзин колега – ревизор, иако со таа собраниска комисија раководи владејачкото мнозинство, рече премиерот Христијан Мицкоски.

За него ова такво барање би било правење естрада во Собранието.

– Имам чувство дека има поединци кои се обидуваат политиката кај нас да ја направат естрада. Што дека ВМРО-ДПМНЕ или која било политичка партија ќе поднесе. Ете, видовте, за Судскиот совет поднесовме, ги разрешивме, тие уште седат таму, илјадници евра на грбот на граѓаните добиваат. Да ја оставиме естрадата за естрадните уметници, политиката за политичарите. Пости морален чин на одговорност, ако чувствува некој треба да отстапи, да заврши со таа работа, а за кривична – тука се обвинителствата, судовите, тие нека гонат доколку има кривична одговорност. А ние сега да правиме естрада, во Парламентот, па тоа ништо не значело според Уставот итн., Повеќе немаме намера да се занимаваме со такви работи – изјави Мицкоски.

Тој лоцира единствено морална одговорност кај Димитровска, а кривичната одговорност требало да ја утврди судот и обвинителството.

ДКСК денеска излезе со став дека единствено Собранието е надлежно да донесе одлука за разрешување на претседателот на Комисијата, согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Оттаму додадоа дека личната оставка, како етички и морален чин, останува на слободна одлука на самата претседателка.
Според денешните изјави од институциите никој нема да бара разрешување од Димитровска, освен ако таа не одлучи сама да си поднесе оставка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот