Училишна кошничка, попуст на прибор / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Мицкоски: Додека инспекторатот е на терен нема нарушувања во однос на училишната кошничка

Додека Државниот пазарен инспекторатот е на терен и гледа дали се почитува договорената училишна кошничка од страна на трговците, нема нарушувања во однос на училишната кошничка, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

– Владата на седницата на 5 август донесе одлука со којашто обезбеди попуст заедно со трговците и снабдувачите на училишниот прибор помеѓу 10 и 15 проценти на маржата во зависност дали е на големо или на мало, а репер е цената од 1 јуни 2025 година. Задача на трговците е да означат која била цената на 1 јуни 2025 година и практично врз основа на тоа да обезбедат попуст меѓу 10 и 15 проценти и да истакнат на влезот од дуќанот натпис „Помалку трошоци, повеќе за вас“, така што Државниот пазарен инспекторат е на терен гледа дали се почитува, засега немаме објективни нарушувања на веќе договореното – рече Мицкоски при посетата на Кочани.

„Училишната кошничка“ стапи во сила на 15 август и ќе трае до 15 септември, и е предвидена да биде олеснување за семејниот буџет. Одлуката важи за тетратки, ранци, моливи, боици, фломастери, калкулатори, ножици, лепак, папки и други основни материјали.

Од денеска училишниот прибор со намалени цени, ранците поевтинија за 1.000 денари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот