Метеоаларм во БиХ: Портокалов за Фоча и Вишеград, жолт за Сараево, Мостар, Бања Лука…

Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Во Босна и Херцеговина денеска е вклучен жолто-портокалов метеоаларм поради ниските временски температури, јавија сараевски медиуми.

Хидрометеоролошкиот институт предупреди на ниски температури во Фоча и во Вишеград, а температурите може да достигнат до минус 15 степени.

Жолт метеоаларм се однесува за Сараево, за Мостар, за Требиње, за Ливно, за Бихаќ, за Бања Лука и за Приједор, каде што температурите може да бидат до минус девет степени.

Утрово во 7 часот најстудено беше на Бјелашница каде се измерени -17 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот