Метео: Сончеви периоди и температури до 11 степени

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен, долж Повардарието, и повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи од -9 до 1 степен, а максималната од 4 до 11 степени.

Во Скопје слично време со утринска температура до -8 и дневна до 7 степени.

Во следните денови се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот