Мешовитата македонско-бугарската експертска комисија утре и задутре на нов состанок во Софија

Утврдување на препораки до владите и соодветните министерства на двете држави за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение според бугарскиот образовен систем и седмо одделение според македонскиот образовен систем, коишто ги опфаќаат средновековниот период од историјата и евентуално заедничко чествување на Гоце Делчев се двете теми за кои ќе расправаат членовите на Заедничката комисијата меѓу Македонија и Бугарија, на седмиот состанок, кој ќе се одржи утре и задутре во Софија.

Средбата е продолжение на претходната, која се одржа во Скопје во јуни, а таа како што информираат од Мешовитата експертска комисија е четврта оваа година и до крајот на годината се предвидени уште две средби.

Досега, заедничката комисија има одржано шест средби и препорачано на владите на двете држави заеднички чествувања на Св.Кирил и Методиј, Св.Климент, Св.Наум и Цар Самоил, како и препораки за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Република Северна Македонија и петти клас во Република Бугарија кои се однесуваат на античкиот период од минатото.

Прочитајте и...  Болеста Син јазик откриена кај 12 грла овци во две одгледувалишта во Македонски брод и Кичево

Препораките до двете влади за периодот на антиката за учебниците од петто одделение во бугарскиот образовен систем и за шесто во македонскиот образовен систем беа усвоени на последиот состанок, што се одржа на почетокот на јуни во Скопје.

Претседавачот на земјава во Комисијата, Драги Ѓоргиев по завршувањето на состанокот во јуни рече дека заклучокот бил во следните два месеца да биде разменета првата драфт верзија за средновековниот период и тогаш изрази надеж дека на средбата во септември ќе успеат да ги усвојат препораките и за средниот век.

Гоце Делчев беше тешкото прашање на последната средба во јуни, а тогаш Ѓоргиев и бугарскиот претседавач Ангел Димитров напоменаа дека за одредени работи експертите од двете земји постигнале согласност во однос на личноста и делото на Делчев, но за одредени, нивните мислења се спротивставувале.

Прочитајте и...  Илон Маск пред Ворен Бафет, го зазема седмо место на листата на милијардери на „Блумберг"

Димитров изрази увереност дека доколку се продолжи со овој конструктивен пристап на состаноците на коишто се почитуваат фактите и си има правилен пристап кон историјата, со сигурност ќе се најде заеднички јазик за заедничко чествување на Гоце Делчев.

– Уверен сум дека има простор и основа да најдеме разбирање ако се однесуваме сериозно кон историските факти и документација, со почитување на позицијата на другиот. На тој начин ќе стигнеме до она што во моментов на некои им изгледа далечно – рече Димитров по јунскиот состанок.

Целта на состаноците, како што велат од Комисијата, е да се изврши денационализација и деполитизација на минатото. Комисијата е формирана на паритетна основа за решавање на историските и образовни отворени прашања, согласно со член 8 став 2 од Договорот за добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, потпишан на 2 август 2017 година. Има по седум членови од двете држави, претседател од македонска страна е Ѓоргиев, а од бугарска Ангел Димитров – првиот амбасадор на Бугарија во земјава.

Прочитајте и...  Зибери: Идејата за првиот премиер Албанец претставува моќен симбол за еднаквост

Прочитај повеќе

Илон Маск пред Ворен Бафет, го зазема седмо место на листата на милијардери на „Блумберг”

Слободен печат

Царовска: Време е за 50:50, за силни жени кои што рамноправно учествуваат во создавање на силно општество

Слободен печат

Димитров и Царовска возеа велосипеди низ Скопје: Возиме сите напред кон ЕУ, таму каде што припаѓаме (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Заев: Не смееме да дозволиме да ја прокоцкаме шансата што заедно ја создаваме овие три години (ВИДЕО)

Слободен печат

Андреевски: Непотизам на дело, таткото и синот Мицкоски преку Машински факултет наплатиле илјадници евра од проекти од државната ЕЛЕМ

Слободен печат

Николовски тврди дека семејството Заеви се јавува како странски инвеститор во најмалку две европски држави

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Спасовски: Секое гласање за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ

Слободен печат

Филипче: Во јули лиценцирани 66 доктори на медицина, половината од нив изразија желба да работат со ковид пациенти

Слободен печат

Што снимаш ти мајмуне- нападната новинарската екипа на Ал Џезира (ВИДЕО)

Слободен печат

Два нови случаи на коронавирус во Кавадарци

Слободен печат

Вучиќ за Ројтерс: Се исплатеа напорите на Германија и Франција, прва релативно оптимистична вест (ФОТО)

Слободен печат

Со европски пари си правеле партиски собир, ВМРО-ДПМНЕ негира, но ќе докажеле после избори (ВИДЕО)

Слободен печат