Меркел – Брнабиќ: Србија и Германија имаат само една точка на недоразбирање, а тоа е Косово

Фото: Принтскрин

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска во Берлин разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел за унапредување на политичките и економските односи меѓу двете земји.

По средбата, на прес-конференцијата Меркел изјави дека разговарала со српската премиерка за Берлинскиот процес, успешната економска соработка и за потребата на реформи во правосудството.

– Почувствував волја и подготвеност работите да се подобрат, што е тесно поврзано со напредокот во процесот на пристапување во ЕУ – изјави Ангела Меркел, додавајќи дека доста тоа е направено.

На средбата се разговарало и за регионот, за што германската канцеларка наведе дека Берлинскиот процес се покажал како користен и довел до разни можности за соработка.

Меркел посочи и дека треба да се продолжи со работата за приближување кон решението за Косово и дека Германија ќе продолжи да го поддржува развојот на Србија.

Српската премиерка истакна дека Косово е единствената точка на недоразбирање меѓу Белград и Берлин, но и дека Германија е еден од најважните партнери.

– Колку и да понекогаш не се согласуваме, најважно е да разговараме, да ги слушнеме мислењата и советите и да видиме дали можеме заедно да ги приближиме ставовите и да дојдеме до долгорочно и одржливо решение. Без историското помирување на Србите и Албанците, нема да има иднина за Балканот – посочи Брнабиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот