Мерка за безбедност во Словенија по земјотресот во Хрватска: Нуклеарката Кршко прекина со работа

Фото: EPA/STRINGER

Силниот земјотрес што денеска ја погоди Хрватска беше почувствуван и во Словенија каде превентивно е прекината работата на нуклеарната централа Кршко. Земјотрес со интензитет од 6,3 степени по Рихтерова скала го погоди денеска во 12:20 часот централниот дел на Хрватска, односно подрачјето околу градот Петриња, но го потресе и остатокот од земјата.

Нуклеарката Кршко прекина со работа според вообичаената постапка во случај на посилни природни несреќи. Таа е градена да биде отпорна на многу посилни потреси од оние кои досега се забележани во Словенија или Хрватска.

Нејзината конструкција го издржа ударот од 7,9 степени, колку што беше јачината на најкатастрофалниот потрес на подрачјето на денешна Словенија во 1511 година. Уште еден силен земјотрес со интензитет од 5,7 степени се случи во 1917 година во близина на Кршко, кај Брежице.

Безбедноста на Кршко е дополнително зајакната по несреќата во нуклеарката Фукушима во 2011 година, а во случај евентуален потрес да ја загрози работата на словенечката нуклеарка таа би можела рачно или автоматски да се исклучи во рок од неколку секунди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот