„Мерцедес-Бенц” го прекина извозот во Русија

Мерцедес/ Фото: ЕПА

Германскиот производител на автомобили Мерцедес-Бенц го прекина извозот на автомобили во Русија и го запре нивното производство во земјата.

– Мерцедес-Бенц ќе го прекине извозот на автомобили и мини комбиња во Русија до следно известување, а ќе го запре и локалното производство во Русија, се наведува во соопштението на компанијата.

Од почетокот на руската инвазија врз Украина на 24 февруари, неколку германски и западни автомобилски групации веќе најавија повлекување од рускиот пазар.

БМВ, исто така, најави привремен прекин на извозот во Русија „поради актуелната геополитичка ситуација”.

Најголемиот светски производител на камиони „Дајмлер Трак” ја прекина соработката со рускиот производител на автомобили Камаз, кој исто така произведува цистерни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот