Мелони го поздрави пактот на ЕУ за стабилност и раст

Џорџа Мелони / Фото EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Италијанската премиерка Џорџа Мелони смета дека новите правила на Европската унија за јавните финансии ќе бидат подобрување за Италија во однос на претходната ситуација, во која земјата се најде поради високиот јавен долг, соопшти денеска кабинетот на премиерката.

„Премиерката Мелони го смета за важно тоа што е пронајден здраворазумски договор меѓу 27-те земји-членки на ЕУ за новиот Пакт за стабилност и раст. И покрај различните почетни позиции и барања на земјите-членки, новиот пакт е подобрување за Италија во однос на условите што ги имаше во минатото“, соопштено е од Палатата Киџи.

Мелони, сепак, жали што расходите за стратешки инвестиции нема автоматски да бидат исклучени од дефицитот, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Италија, која е многу задолжена, смета дека правилата се уште се премногу ригидни и „ќе ја продолжи битката за нивно менување“. Договорот за реформирање на Пактот за стабилност и раст, постигнат вчера, им дава на земјите повеќе време да ги консолидираат своите јавни финансии, што обезбедувајќи извесно олеснување за Италија, чиј јавен долг изнесува 140 отсто од БДП и нема да биде значително намален во блиска иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот