Мелитопол ќе добие улица со името на Дарја Дугина

Дарја Дугина и нејзиниот татко Александар / Фото: Твитер

Во окупираниот Мелитопол ќе биде именувана улица по Дарја Дугина, руска пропагандистка и ќерка на рускиот филозоф Александар Дугин, која лани беше убиена во бомбашки напад во Русија, објави на „Твитер“ страната „Некста“.

Сторителот на убиството засега останува непознат, но се шпекулираше дека украинските сили можеби стојат зад ова убиство.

Руската разузнавачка служба (ФСБ) тврди дека Богдан Петрович Циганенко помогнал во подготовката на убиството на Дарија Дугина, ќерка на рускиот филозоф, Александар Дугин кого Западот го смета за главен мотиватор за војната во Украина и „мозокот на Путин“. ФСБ го обвинува Циганенко дека и дал на Наталија Вовк Шабан лажна лична карта и лажни регистарски таблички и и помогнал да направи експлозивна направа што била поставена во автомобилот на Дарија Дугина.

Американските разузнавачки агенции веруваат дека дел од украинската влада го одобрила убиството на Дарја Дугина, ќерка на истакнат руски националист, со активирање експлозив во нејзиниот автомобил во близина на Москва, објави „Њујорк тајмс”, повикувајќи се на неименувани официјални лица.

Вљубеник во пиво и опседнат од секс- главни карактеристики на осoмничениот за убиството на Дугина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот