Мелбурн се бори со вториот бран на коронавирусот: Австралискиот град шест недели ќе биде под целосен карантин (ФОТО+ВИДЕО)

Вториот по големина град во Австралија, Мелбурн, од денеска е под целосен карантин, што ќе трае шест недели, бидејќи властите се борат со вториот бран на коронавирусот.

Мелбурн, Австралија / 05 август 2020 / Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

За време на карантинот, повеќето продавници и компании ќе бидат затворени, што предизвика загриженост кај жителите од можен недостиг на храна.

Празни рафтови во маркетите низ Мелбурн, Австралија / 05 август 2020 / Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Од утрово, улиците во градот со пет милиони жители, главниот град на сојузната држава Викторија, кој пријави 471 случаи на коронавирус и осум смртни случаи во последните 24 часа, се празни.

Луѓе чекаат ред за да купат намирници од маркет / Мелбурн, Австралија / 4 август 2020 / Фото: EPA-EFE/ERIK ANDERSON AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Австралија сега има вкупно околу 20.000 случаи на Ковид-19 и 255 смртни случаи, што, сепак, е се уште помалку од многу други развиени земји.

Пандемијата во Викторија се заканува дека ќе се прошири во други држави. Нов Јужен Велс вчера соопшти за 12 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени е на 483.

Викторија, Австралија / 4 август 2020 / Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот