Меланија Трамп од 1996 – облечена само во штикли! (ФОТО)

NEW YORK POST

New York Post објави фотографии на кои сопругата на Доналд Трамп позира гола, но и во секс сцени.

Американскиот дневник New York Post на својата насловна, како и на пристоен број други страници од своето издание објави низа фотографии од Меланија Трамп, облечена само во штикли. Фотографиите од сопругата на републиканскиот кандидат на претстојните избори за претседател на САД, настанале пред точно 20 години, во текот на снимањето на јануарското издание за францускиот магазин за мажи Max, кој не излегува веќе 10 години.

Сопругата на Трамп тогаш имала 25 години, нејзиното име било Меланија Кнаус, а своите арт-фотографии ги потпишувала како Меланија К. Французинот Але де Басевил бил оној кој тогаш ја сликал Меланија К., а кој сега, во тоа не треба да се сомневаме, на фотографиите заработил колку во времето на сликањето апсолутно не ни можел да замисли. Некои од фотографиите објавени во New York Post никогаш претходно не биле објавени.

„Меланија беше повеќе од одлична и фантастична како личност и беше многу љубезна кон мене“, вели Бесевил за Post, наведувајќи дека Меланија како модел никогаш не покажала ниту најмал знак за непријатност во текот на позирањето. Тој се осврна на тоа колку на крајот фотографиите испаднале добри.

NEW YORK POST

„Бев прилично изненаден кога ги видов фотографиите, бидејќи испаднаа…. пожешки отколку што мислев дека ќе бидат“, изјави тој.

Во тоа време пред Новата година – 1996, Меланија Кнаус само што пристигала во Њујорк, по манекенската работа во Милано и Париз.

Најпрвин позирала исклучиво за разни реклами, се појавила и на рекламите за Camel, за после некое време да влезе и во светот на модата и во Њујорк. Конечно во 1998 година на забавата по повод New York Fashion Week во клубот Кит Кат, ја претставиле пред Доналд Трамп.

„Меланија била еден од најуспешните модели и снимила мноштво реклами и фотографии, а исто така била и на насловните страници на најголемите магазини“.

„Оваа фотографија настанала во Европа, пред ние двајца да се запознаеме. Во Европа ваквите фотографии се многу модерни и вообичаени“, коментираше Трамп за NY Post. Двојката се венчаше на Палм Бич во 2005 година. Набрзо по овие фотографии, New York Post, објави уште неколку, всушност поинтимни и похрабри од овие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот