Мексико официјално ја доби првата претседателка во 203-годишната историја на државата
Клаудија Шејнбаум Пардо, поранешната градоначалничка на Мексико Сити, денеска официјално стана првата жена-претседател на Мексико од независноста на земјата во 1821 година.
Шејнбаум, која има еврејско потекло, свечено положи заклетва пред претставници и сенатори во Мексиканскиот конгрес.
Во јуни таа победи на изборите со речиси 60 отсто од гласовите, откако излезе пред владејачката левичарска партија Движење за национална обнова (Морена) и сојузниците.
Партијата има и удобно мнозинство во парламентот, што ѝ овозможува да го промени Уставот без поддршка од опозицијата. На инаугурацијата пристигнаа бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва и првата дама на САД, Џил Бајден.
Поранешната градоначалника на Мексико Сити ја превзема функцијата од нејзиниот ментор, Андрес Мануел Лопез Обрадор, кој ја воведе во политиката во 2000 година како заменик за еколошки прашања во градското собрание на мексиканската престолнина.