Мекарти не му дозволи на Зеленски да зборува пред американските конгресмени

Фото: МИА

Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Кевин Мекарти, денеска соопшти дека не му дозволил на украинскиот претседател Володимир Зеленски да зборува пред конгресмените.

Тој кажа дека немало доволно време за говор на украинскиот претседател поради нивна презафатеност, пренесе американската телевизија Ен-Би-Си.

Мекарти потсети дека Зеленски веќе зборувал пред Конгресот за време на неговата претходна посета на Вашингтон во декември 2022 година.

Зеленски денеска пристигна во Вашингтон на разговари со конгресмени, особено со републиканците, кои се повеќе се противат на испраќање дополнителна помош за Украина.

По средбите со нив, украинскиот претседател во Белата куќа ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот