Меј: Со изборите се надминува застојот во британскиот Парламент

Поранешната британска премиерка Тереза Меј изјави дека резултатите од изборите, на кои Конзервативната партија освои убедлива победа, покажуваат дека Британија сега може да излезе од „политичка парализа” кога станува збор за Брегзит.

Меј за Би Би Си истакна дека со овие избори е обезбедено „надминување на застојот во Парламентот, спроведување на Брегзит и продолжување понатаму”.

Таа, исто така, верува дека нејзиниот наследник Борис Џонсон, откако ќе го „протурка” договорот за Брегзит во парламентот, би може да обезбеди и договор со ЕУ до крајот на 2020 година.

Според последните резултати од изборите во Британија, Конзервативната партија освоила најмалку 358 од вкупно 650 места во Парламентот, обезбедувајќи мнозинство, а Лабуристичката 203 пратенички мандати. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот