Меѓународната награда „Иса Бег Исхаковиќ” ќе му биде врачена за Заев во Сараево

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе присуствува на Свечената академија што ќе се одржи вечер во Народниот театар во Сараево, а на која е најавено дека ќе му биде доделена меѓународната награда „Иса Бег Исхаковиќ”, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Заев во Сараево оди со потпретседателот на Собранието, Зекир Рамчиловиќ, претседателот на МАНУ, Таки Фити, пратеникот во Собранието Ферид Мухиќ и заменик министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Неџад Мехмедовиќ.

Свечената академија ја организира Здружението „Клепсидра” во кое што членуваат еминентни претставници на академската заедница во БИХ.

На Свечената академија ќе се обрати премиерот Зоран Заев, а на настанот ќе присуствуваат бројни гости, дипломати, академици, личности од општествено-политичкиот живот од БИХ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот