Меѓу исчезнатите има и деца: Ураганот Исаија збриша цела населба, хаос во Њујорк и Вирџинија (ВИДЕО)
Торнада се можни од Вирџинија до Њу Џерси до пладне и од Њујорк до Њу Ингланд попладне и навечер, соопшти Националниот центар за урагани.
Тропската бура Исаија ја погоди денеска Вирџинија на пат кон Вашингтон и другите градови од американскиот североисток и усмртни најмалку едно лице откако торнадото уништи парк со камп куќи во Северна Каролина.
Поради бурата која брзо се движеше стотици илјади луѓе останаа без електрична енергија, соопшти Националниот центар за урагани, пренесе Ројтерс.
Бурата се движи кој север со 54 километри на час носејќи со себе ветер со брзина од 110 километри на час. На нејзиниот пат потенцијално се наоѓаат големите градови како Вашингтон, Филаделфија и Њујорк.
Торнада се можни од Вирџинија до Њу Џерси до пладне и од Њујорк до Њу Ингланд попладне и навечер, соопшти Националниот центар за урагани.
Повеќе од 600.000 домови се без електрична енергија во Северна Каролина и Вирџинија.
Четири лица се водат како исчезнати, а најмалку две од нив се деца, извести телевизијата ВИТВ.
Според зборовите на шерифот Џон Холи, 10 до 12 мобилни куќи се уништени, а возилата се наредени еден врз друг.
Во Мериленд тропската бурата предизвика големи поплави.