Meѓународната ликовна колонија „Де Ниро“ во Битола ќе трае до 27 јуни

Ликовни уметници од Виетнам, Мексико, Естонија, Романија, Кина, Србија, Бугарија и Македонија се дел од 18-тото издание на Меѓународната колонија „Де Ниро“ – Битола, којашто се одржува од 20 до 27 јуни во Културниот центар на Меѓународна колонија „Де Ниро“ во Цапари, како и на различни локации низ Битола.

– За мене како организатор е голема чест тоа што во текот на овие 18 години на колонијата учествувале над 200 ликовни уметници од 30 држави од Европа и светот, кои досега создале над 500 уметнички дела. Оваа година особено ме радува потпишувањето на меморандум за соработка на Меѓународната ликовна колонија „Де Ниро“ со Културно-информативен центар – Битола, значаен чин за натамошна плодна соработка – изјави Драги Филевски, организатор на колонијата.

Во рамките на разновидната програма на колонијата ќе се реализираат и настаните „Ден на уметноста“, во чест на Благоја Стефановски – Баге, еден од бардовите на македонската култура; Поетско-ликовен настан, промоција на книгата „Надвор од времето“ на Лили Бошевска со песни инспирирани од делата на светски познатиот уметник Виктор Мануел Хернандез Кастиљо од Мексико, кој е гостин на промоцијата со своја изложба, во Палата на културата – Офицерски дом; Промоција на видеото на Кети Талевска за мозаикот на Мирослав Масин, музички перформанси и други.

Меѓународната ликовна колонија „Де Ниро“ со своето 18-ти издание ќе заврши на 27 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот