Плакат за настанот во Старата скопска чаршија

Меѓукултурниот дијалог во Старата скопска чаршија е во фокусот на француско-германски проект

Францускиот институт во Скопје организира изложба на фотографии и проекција на документарен филм кои беа реализирани во рамките на француско-германскиот проект „Старата скопска чаршија: визии за иднината“, во соработка со Гете институтот во Скопје и со поддршка на Универзалната сала.

Свеченото отворање на изложбата ќе се одржи на 22 јануари 2026 година (четврток), во 19 часот, во галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Сули ан. Настанот ќе го отворат Н.Е. Г. Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција, и Н.Е. Г-ѓа Петра Дрекслер, Амбасадорка на Германија.

Проектот имаше за цел да ја стимулира креативноста кај младите, да го промовира историското наследство на Скопската чаршија и да понуди креативни решенија за зачувување на културното наследство во иднина. Проектот ја нагласува важноста на меѓународната соработка за зачувување и валоризација на ова заедничко наследство.

Во рамките на проектот беа реализирани пет работилници – по видео, фотографија, историја, книжевност и архитектура – во кои учествуваа повеќе од 25 студенти од различни факултети во Скопје, работејќи со реномирани меѓународни и домашни артисти, режисери и професори.

По повод одбележувањето на Елисејскиот договор, Францускиот институт во Скопје во соработка со Гете институтот ја организира изложбата на фотографии реализирани од студентите што учествуваа во работилницата со реномираниот германски фотограф Хајнрих Холтгреве.

Фотографиите претставуваат спој на старите и нови градби, обичаи и начини на живеење во Старата скопска чаршија, откривајќи ги нејзините мултикултурни аспекти, лица, споменици и сокаци.

Во рамките на настанот ќе биде прикажан краткиот документарен филм на француската режисерка Леонор Мерсие и студентите од Факултетот за драмски уметности, кој ги истражува културните белези и меѓукултурниот и меѓугенерациски дијалог во стариот град.

Филмот прикажува сцени од дневниот живот во Старата скопска чаршија – амбиентот во кафулињата, ресторани, продавници, зелениот пазар, како и културниот живот на овој историски локалитет. Во рамките на настанот, свечено ќе им бидат доделени благодарници на сите учесници во проектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот