Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК) на Албанија/Фото: Скриншот

Мегаоперација против меѓународна криминална група за шверц на кокаин од Албанија во Италија

Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК) соопшти нови детали за операцијата со италијанските власти чија цел беше групата „Елбасан“.

Парите од кокаин биле донесени во Албанија преку автобуси на релација Бреша-Елбасан, додека членовите на групата континуирано се движеле кон Колумбија, Еквадор и Дубаи.

„Истрагата започна во втората половина на 2020 година, откако беше регистрирана дистрибуција на кокаин во неколку објекти во областа Лаго ди Гарда во Италија. Акцијата беше спроведена под надзор на Еуроџаст, како дел од заедничкиот истражен тим меѓу Обвинителството на Бреша и СПАК.

Во истрагата биле вклучени околу 40 италијански и албански државјани.

По идентификувањето на добавувачите на кокаин, истрагата ја реконструираше организационата структура на италјанско-албанската криминална организација вклучена во увоз на наркотични супстанции од Јужна Америка.

На чело на оваа криминална организација се двајца браќа Албанци од Елбасан, Г.П. и Ш.П. Тие насочувале доверлива група во областа Бреша и други провинции во Северна Италија, каде што спроведувале широка активност на увоз и продажба на наркотици, главно кокаин. Оваа организација раководела со сите фази на недозволената трговијата, од складирање, дистрибуција и наплата на добивката, кои потоа им беа предадени на челниците на организацијата во Албанија, преку добро воспоставен систем користејќи возачи на автобуската линија Бреша-Елбасан.

Во ноември 2021 година, едно од лицата под истрага беше уапсено. Тој требаше да испрати 350 килограми кокаин до организацијата која работи во областа Бреша.

Членовите на криминалната организација користеле „шифрирани“ телефони, а анализата на овие телефони открила нивна вмешаност во оваа албанска криминална организација посветена на меѓународна трговија со стотици килограми наркотици, пред се кокаин. Истрагите потврдија дека челниците на оваа организација, за да ги финализираат договорите со добавувачите, систематски патувале во Колумбија, Еквадор и Обединетите Арапски Емирати, Дубаи, каде се наоѓаат дел од албанските шверецери на дрога“, се вели во соопштението на СПАК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот