Меган Маркл / Фото: SUZANNE CORDEIRO / AFP / Profimedia

ФОТО | Меган Маркл се врати на сетот: Стигнаа првите фотографии на кои изгледа како дива

Меган Маркл започнува нов проект со кој повторно успеа да изненади. Станува збор за филм во кој ја глуми самата себе, но сè уште не е познато во каков контекст.

Наводно, Меган  низ годините била преплавена со понуди да се врати пред камерите, а сега конечно прифатила и тоа со многу интересна улога. Новата улога, во која се толкува самата себе, ѝ се видела како добра прилика, што, според „Дејли Мејл“, е прилично чудно, особено по тоа што изминатата година ја помина снимајќи ја серијата „Со љубов, Меган“, која не наиде на добри реакции.

Сега пристигнаа и првите фотографии од проектот кој треба да го означи нејзиното големо враќање на сетот што ѝ недостигал толку многу…

Според британскиот „Дејли мејл“, објавени се првите фотографии од војвотката на сетот, на кои изгледа опуштено и задоволно. Меган е фотографирана во лежерна сино-бела кошула, широки бели ленени панталони и кафени сандали, а лицето го сокрила со големи очила за сонце — вистинска филмска дива.

Во еден момент весело поздравила член од филмската екипа пред да се качи во автомобилот кој ја однел на луксузниот имот на ридовите на Пасадена, каде што снимала сцена покрај базенот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот