Меган Маркл напиша детска книга инспирирана од односот на принцот Хари и нивниот син Арчи

Instagram

Меган, војвотката од Сасекс, ја напиша својата прва книга за деца наречена „The Bench“, која ќе биде објавена на 8 јуни.

Книгата зборува за врската помеѓу таткото и синот, видена низ очите на една мајка и е инспирирана од односот на принцот Хари со неговиот син Арчи Харисон.

Книгата е илустрирана од Кристијан Робинсон и ќе биде објавена од издавачката куќа „Random House Children’s Books“. Војвотката исто така e наратор на аудио верзијата на книгата.

Книгата започна како песна што ја напишав за мојот сопруг на Денот на таткото, еден месец по раѓањето на Арчи“, рече војвотката.

epa-efe
EPA-EFE/TOBY MELVILLE / POOL

Таа песна прерасна во приказна. Кристијан состави прекрасни акварелни илустрации кои ја доловуваат топлината, радоста и удобноста во односите татко-син од сите сфери на животот, а начинот на кој беше претставено тоа е особено важен за мене. Кристијан и јас работевме напорно да ја покажеме оваа посебна врска“, рече Маркл во соопштението за јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот