Дмитриј Медведев / Фото EPA-EFE/YULIA ZYRYANOVA

Медведев: Трамп спроведува „чин на војна“ против Русија

Дмитри Медведев, поранешен руски претседател и сегашен заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за спроведување на „чин на војна“ против Русија. Тој оцени дека воведувањето санкции против нафтените гиганти Лукоил и Роснефт, како и откажувањето на предложениот самит со рускиот претседател Владимир Путин, се јасен знак за непријателство од страна на САД.

САД воведоа нови санкции кон двете најголеми руски нафтени компании

Медведев на Телеграм напиша дека „Соединетите Американски Држави се наш непријател“ и дека „миротворецот“ Трамп всушност ја води војната против Русија. Тој додаде дека, иако Трамп не е директно вмешан во конфликтот на страната на Киев, одлуките што ги донел претставуваат чин на војна.

„Трамп целосно застана на страната на лудата Европа“, рече Медведев, нагласувајќи дека оваа нова политика му дава можност на Русија да дејствува директно против „скривалиштата на Бандера“ со различни видови оружје, без „непотребни преговори“.

Санкциите беа воведени синоќа, и тоа првпат во вториот претседателски мандат на Трамп, со цел да се изврши притисок врз рускиот енергетски сектор преку компании како Лукоил и Роснефт, пишува Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот