Медведев со порака од „Игра на тронови“: „Зимата доаѓа“

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, предупреди дека првпат по повеќе од половина век Русија и САД остануваат без ниту еден договор што ги ограничува нивните стратешки нуклеарни сили.

Во објава на социјалната мрежа Икс, направена неколку часа пред истекот на договорот Нов СТАРТ, Медведев напиша дека е завршена цела ера на нуклеарна контрола.

„Тоа е тоа. За прв пат од 1972 година, Русија и САД немаат ниту еден договор со кој се ограничуваат стратешките нуклеарни сили. СОЛ 1, СОЛ 2, СТАРТ I, СТАРТ II, СОРТ, Нов СТАРТ – сето тоа сега е минато“, напиша Медведев.

Објавата беше придружена со кадар од популарната серија „Игра на тронови“, на кој се гледа Ноќниот крал – водачот на Белите шетачи – со пораката „Winter is coming“ („Зимата доаѓа“), симболично предупредување за претстојна закана.

На полноќ истекува договорот: САД и Русија без нуклеарни ограничувања по повеќе од половина век

Што е Нов СТАРТ?

Договорот Нов СТАРТ, потпишан во 2010 година, беше клучен механизам за спречување катастрофална нуклеарна ескалација меѓу двете најголеми нуклеарни сили во светот. Тој го ограничуваше бројот на распоредени стратешки нуклеарни боеви глави на 1.550 по страна и воспостави систем на транспарентност преку размена на податоци, известувања и инспекции на терен.

Иако вкупниот број на нуклеарни боеви глави глобално е намален на околу 12.000 во 2025 година, од над 70.000 во 1986 година, експертите предупредуваат дека истекот на договорот ја отстранува не само правната рамка за ограничување, туку и довербата и можноста за проверка на нуклеарните намери.

Во меѓувреме, и Русија и САД ги модернизираат своите нуклеарни арсенали, додека Кина повеќе од двојно го зголеми својот арсенал во последната деценија – што, според аналитичарите, дополнително ја зголемува опасноста од нова глобална трка во вооружување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот