Медведев: Останува само физички да се елиминира Зеленски

Фото: Wikimedia / government.ru

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација и поранешен претседател и премиер на државата, Дмитриј Медведев, изјави дека по денешниот терористички напад со беспилотно летало не останува друга опција, освен физичката елиминација на Володимир Зеленски.

„По денешниот терористички напад не остана ништо друго освен физичка елиминација на Зеленски и неговата клика“, напиша Медведев на каналот Телеграм.

Според него, Зеленски „не е потребен ниту да го потпише актот за безусловно предавање“.

„И Хитлер, како што знаете, не го потпиша. Секогаш ќе има замена како адмирал Дониц“, додаде заменик-претседателот на Советот за безбедност, алудирајќи на адмиралот Карл Дониц, последниот поглавар на Третиот рајх кој ја потпиша капитулацијата на нацистичка Германија, пренесуваат медиумите.

Претходно прес-службата на Кремљ објави дека режимот во Киев се обидел со беспилотни летала да ја нападне резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ.

Според соопштението од таму, и двата дрона се оневозможени. Во нападот нема жртви или материјална штета. Портпаролот на претседателот Дмитриј Песков подоцна за „РИА Новости“ изјави дека претседателот во тој момент не бил во Кремљ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот