Медведев останува лидер на АТП ранг-листата, Ѓоковиќ е на шестата позиција

Данил Медведев останува на првото место на АТП ранг-листата/фото: EPA-EFE/JORGE REYES

Русинот Данил Медведев со триумфот на турнирот во Лос Кабос, Мексико, освои дополнителни 250 бодови и ја зголеми предноста на најновата АТП ранг-листа пред Александер Зверев.

Медведев сега има 7.875 бодови, 1.115 повеќе од Зверев кој повеќе од два месеци отсуствува од терените поради повреда на скочниот зглоб. На третото место се наоѓа Рафаел Надал со 5.620 бода, а четврти е Карлос Алкараз со 5.035.

Новак Ѓоковиќ и покрај тоа што нема ниту еден настап по трумфот на Вимблдон минатиот месец, остана на шестото место на ранг-листата со 4.770 бодови.

Се очекува во наредните недели Ѓоковиќ да доживее дополнителен пад на ранг-листата бидејќи нема да настапи на мастерс турнирот од серијата 1000 во Монтреал кој започнува денеска и најверојатно нема да игра ниту на мастерсот во Синсинати како и на последниот годинешен гренд слем турнир, УС Опен.

Меѓу најдобрите десет тенисери се наоѓаат уште Каспер Руд, Андреј Рубљов, Хуберт Хуркач и Јаник Синер.

Најголем скок на ранг-листата направи Ник Кирјос кој по победата на турнирот во Вашингтон напредуваше за 26 позиции и сега е 37 тенисер на светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот