Медиумите во САД збудалеа по Јокиќ: Тој е монструм

Денвер нагетс благодарение на двоецот Никола Јокиќ и Џамал Мареј успеа да направи пресврт и од 1:3 во победи, на крајот да триумфира со 4:3 против фаворизираниот ЛА Клиперс и да обезбеди пласман во финалето на Западната конференција каде ги очекува пресметка со Лос Анџелес лејкерс.

Џамал Мареј беше најпрецизен на натпреварот со 40 поени, но кошаркарот кој доминираше на теренот беше Јокиќ кој оствари трипл-дабл од 16 поени, 22 скокови и 13 асистенции.

Токму Јокиќ и неговиот Денвер се спортска вест број еден во САД, а медиумите се импресионирани од играта на најдобриот центар во НБА лигата.
„Јокиќ повторно покажа дека е најдобар центар асистент во историјата на НБА. Беше фантастичен, ги навлекуваше на себе противничките играчи, а потоа со неверојатни додавања им асистираше на соиграчите. Не можеше да го игнорирате Денвер“, пишува Јаху.

Прочитајте и...  Велкоски против Селтик за влез во групите на Лига Европа

Угледниот ЕСПН исто така имаше само пофални зборови за кошаркарот на Денвер.
„Човекот од 213 сантиметри одигра монструозен натпревар. Имаше 22 скока што е плеј-оф рекорд за еден играч на Денвер. Го собори личниот рекорд од 19 скокови во плеј-офот“, пишува ЕСПН, исто како и телевизијата Си-Би-Ес.
„Минатото лето се зборуваше за најдобрите тандеми во НБА лигата и се пишуваше за Леброн и Дејвис, за Ленард и Џорџ, за Харден и Вестбрук, за Ирвинг и Дурент, но никој не ги споменуваше Јокиќ и Мареј. Тие покажаа дека се дел од одбраното друштво, од елитата“

Одушевени од играта на Јокиќ беа и фановите и тоа до демонстрираа на социјалните мрежи.

 

Прочитајте и...  Нема приоритети кај Клоп : Сакаме да освоиме се

Прочитај повеќе

УЕФА: Најдобрите фудбалери играат во Баерн Минхен, главното признание за Левандовски

Слободен печат

ЛШ: Жрепката ги спои Роналдо и Меси, Јувентус и Барселона ќе играат еден против друг

Слободен печат

Лука Дончиќ е суперѕвезда во НБА, неговиот дрес е втор најомилен кај фановите

Слободен печат

Федерер откри кога се враќа на терените

Слободен печат

Леброн си купи нова куќа, цената е права ситница: 37 милиони долари (ВИДЕО)

Слободен печат

Нема приоритети кај Клоп : Сакаме да освоиме се

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ролан Гарос: Ѓоковиќ ексресно за 83. минути обезбеди пласман во третото коло

Слободен печат

Серија А: Одложен натпреварот помеѓу Џенова и Торино!

Слободен печат

Изненадување на „Ролан Гарос“, елиминирана втората носителка! (ВИДЕО)

Слободен печат

Дест е новиот играч на Барса со клаузула од 400 милиони евра! (ВИДЕО)

Слободен печат

Виз Ер Скопскиот маратон ќе се одржи со посебни протоколи за ковид-19

Слободен печат

Ѓоковиќ или Надал, кој има поголеми шанси да го освои „Ролан Гарос“?

Слободен печат