Медицинска сестра од Германија труела бебиња со морфиум

Фото: ЕПА

Таа е осомничена дека им давала дрога на пет предвремено родени деца, со намера да убие, пишува Дојче веле.

Германската полиција истражува случај во кој медицинска сестра е осомничена за намерно труење на пет предвремено родени бебиња.

Полицијата од градот Улм вчера соопшти дека во плакарот на медицинска сестра пронашла шприц со мајчино млеко и морфиум. Таа е осомничена дека им давала дрога на пет предвремено родени деца, со намера да убие, пишува Дојче веле.

Новороденчињата почнале да имаат сериозни проблеми со дишењето

Во раните утрински часови на 20 декември, пет новороденчиња во Медицинскиот центар на Универзитетот Улм одеднаш почнале да имаат сериозни проблеми со дишењето.

Полицијата соопшти дека на бебињата веднаш им била укажана потребната лекарска помош и дека лекарите сметаат дека тие нема да имаат дополнителни здравствени проблеми.

Мајчино млеко измешано со морфиум

Болницата стапила во контакт со полицијата, откако открила голема количина морфиум во урината на децата кои имале проблеми со дишењето. Потоа, полициските службеници извршиле претрес во шкафчињата на медицинскиот персонал и пронашле шприц со мајчино млеко измешано со морфиум.

Неименуваната медицинска сестра сè уште не е официјално обвинета, но се води истрага поради сомнеж за пет точки од обвинението за обид за убиство и тешка телесна повреда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот