„Меч со две острици“: Селмани за влезот на АА во Владата

Поранешниот министер за здравство Имер Селмани / фото: официјална фејсбук-страница

„Влезот на Алијансата за Албанците во Владата може да биде нож со две острици за оваа партија, бидејќи од една страна ќе придонесе за унапредување на интеграциите, а од друга страна, бидејќи е последната година од мандатот на Владата, многу би ризикувала со својот електорат, вели политичкиот аналитичар и поранешен политичар, Имер Селмани во интервју за ТВ „21“.

„Се работи за многу специфични околности со кои се соочува нашата земја. Алијансата за Албанците е клучот за целосно вклучување на земјата во ЕУ, каде следен чекор се уставните измени. Во моментов мнозинството ги нема вистинските бројки за уставните измени, многу е нормално да се стави на маса влезот на Алијанса за Албанците во Владата. Но, за ова треба да одлучи Алијанса, бидејќи од една страна ќе го даде својот придонес за Владата, од друга страна оваа влада е во последната година од својот мандат и Алијансата мора да го земе предвид и ризикот со евентуалниот влез во Владата. Ова за нив е меч со две острици“, вели Селмани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот