Маж претепал тригодишно дете и жена

Фото: Profimedia

Инцидентот се случил во скопската населба Шуто Оризари.

За кривични дела тешка телесна повреда и запуштање и малтретирање на дете гласи поднесениот обвинителен акт против жител на скопската населба Шуто Оризари кој на седми минатиот месец при вршење семејно насилство со умисла тешко повредил жена со која живеел во вонбрачна заедница и тешко ја повредил нивната тригодишна ќерка.

Во обвинителниот акт против насилникот пишува:

„Тој прво почнал вербално да ја навредува и физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници во пределот на лицето. Продолжил да ја удира по главата и телото и со парче дрво и железна шипка, а потоа насилно ја турнал на подот и ја удирал со клоци во стомакот. И нанел тешки повреди на оштетената, изразени во вид на набиеници, скршеници и крвни подливи. Додека оштетената се обидувала да повика помош, обвинетиот се доближил до нејзината малолетна ќерка на возраст од три години, па грубо запоставувајќи ја својата должност за грижа и воспитување како очув, започнал да ја малтретира и да ја удира со дрвен предмет по телото, да ја гризе и да и ги става рацете на шпоретот, со што и нанел тешки телесни повреди“, тврдат од ОЈО и бараат од судија на претходна постапка да му го продолжи притворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот