Фото: Апла.мк

Матурантка од Битола преживеала хорор: 40-годишен насилник jа тепал, ја држел затворена, ѝ го одзел телефонот

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 40-годишен битолчанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело телесна повреда и противправно лишување од слобода.

Осомничениот, според Обвинителството, на 23 мај во раните утрински часови, противправно ја затворил, ја држел затворена и телесно ја повредил 18-годишната девојка со која биле во блиски лични односи. Додека оштетената се враќала од матурската прослава, ја пресретнал со автомобилот. Таа влегла внатре, по што осомничениот почнал да вози, ѝ го зел мобилниот телефон и не и дозволувал да замине.

„Оштетената го молела да ја пушти да излезе и кога запреле на една локација се обидела да го напушти возилото, но осомничениот тргнал по неа и започнал да ја удира. Ја внел повторно во автомобилот и продолжил да ја удира и со тупаници, предизвикувајќи и телесна повреда и крварење од носот. Девојката успеала да се ослободи и со случаен минувач да побара помош“, пишува во соопштението.

Осомничениот е познат насилник, велат од ОЈО и додаваат дека побарале тој да оди во притвор.

„Имајќи ја предвид опасноста од бегство, фактот дека осомничениот и претходно се јавува како сторител на насилство и други кривични дела, како и особено насилничкиот и контролирачки порив кон младата жртва на што укажува начинот на извршување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор“, додаваат од Обвинителството.

Крадци однеле сеф со пари од фирма во центарот на Скопје, но радоста кратко им траела

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот