Фото: EPA/Javier Lizon

Матијас Алмеида веќе не е тренер на Севиља

Аргентинскиот фудбалски тренер Матијас Алмеида повеќе не е главен тренер на Севиља, официјално објави денеска шпанскиот клуб.

Севиља во своето соопштение не прецизираше кој ќе го замени Алмеида на тренерската позиција.

Алмеида стана тренер на Севиља во јуни минатата година, а оттогаш, во вкупно 32 натпревари во кои го водеше тимот, забележа 10 победи, седум нерешени резултати и 15 порази.

– Севиља сака да им се заблагодари на Матијас Алмеида и на неговиот тим за нивните напори и професионализам и му посакува сè најдобро – се вели во соопштението на шпанскиот клуб.

Севиља не победи на ниту еден од последните четири натпревари во Ла Лига и е на 15 место на табелата со 31 бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот